Овој рецепт важи и за други видови овошје, па сливите можете да ги замените со кајсии или праски.
Објавено: 31.08.2025 14:00 ч.

Состојки:

  • 5 кг зрели сливи

  • 1 кг шеќер

  • 1 стапче ванила или 2 кесички ванилин шеќер

  • 50 г чоколадо за готвење

  • 1 кесичка цимет

Подготовка:

  1. Во подлабок плех наредете ги сливите, посипете ги со шеќер, ванила и цимет, па убаво измешајте со раце.

  2. Загрејте ја рерната на 220 степени и печете ја смесата еден час, повремено мешајќи со дрвена лажица.

  3. Кога џемот ќе ја добие саканата густина, додајте го искршеното чоколадо и мешајте додека целосно не се стопи и состојките не се соединат. Потоа сипете го во претходно загреани тегли.

Совет: Кога ќе се сипе џемот во теглите, задолжително превртете ги наопаку и оставете ги да стојат така преку ноќ, за да се изладат и да излезе целиот воздух од нив.