Ниските температури значително ја намалуваат киселоста на овошјето.
Неројатно никогаш не сте се обиделе да замрзнете лимон што неодамна сте го купиле. По ова, дефинитивно ќе треба да ги промените навиките. Секогаш кога ќе купите лимон, одвојте неколку парчиња и ставете ги во замрзнувач – верувајте, нема да зажалите.
Ниските температури значително ја намалуваат киселоста на овошјето. Како што веројатно веќе знаете, лимонот е исклучително здрав затоа што содржи витамин Ц, го зајакнува имунолошкиот систем и му помага на телото да се бори против инфекции. Исто така содржи супстанции што го регулираат крвниот притисок и дури се смета дека се корисни и за менталното здравје. Лимонот е одличен во борбата против стрес и депресија.
Причината зошто замрзнатиот лимон има поинаков вкус од оној што се чува на собна температура е нивото на киселост. Замрзнувањето ја намалува киселоста, која повторно ќе се врати дури кога овошјето целосно ќе се одмрзне. Освен тоа, лимонот така ќе остане свеж и нема да се исуши или расипе по неколку дена, како кога би го оставиле во чинија на трпезариска маса.
