Жената објаснила дека намерно избрала да живее на првиот кат од својата зграда затоа што сака да танцува и да вежба и не сакала да им пречи на соседите со бучава. Но, сега вели дека жали што воопшто била обѕирна

Секогаш е паметно да се одржуваат добри односи со соседите, иако многумина одвреме-навреме се соочуваат со недоразбирања. Но, една жена „експлодирала“ од бес поради својот сосед од катот над неа и неговиот ритуал во два часот по полноќ кој се повторува секоја вечер.

Жената објаснила дека намерно избрала прв кат од станбената зграда бидејќи сака да танцува и да вежба и „не сакала да им прави бучава на соседите“. Но, сега жали што била обѕирна, бидејќи токму соседот од горниот кат го создава целиот проблем, пренесува „Mirror“.

Сакајќи да ја истури целата своја фрустрација, таа напишала на Reddit:

„За жал, го избрав првиот кат бидејќи сакам да танцувам и тренирам, не сакав да правам бучава на соседите. Се каам поради тоа.

Сега е 2:15 по полноќ. Зошто ли шета горе-долу во ова време?! Буквално, станува меѓу два и три часот, шета, па седнува да гледа телевизија. Обожава судски емисии, особено Народен суд со судијата Милан.

Не сакам да знам ништо повеќе за овој човек, дури и името му го заборавив, толку сум изнервирана.“

Откривајќи ја својата планирана одмазда, додала:

„Ќе наместам аларм да свири Paramore и Nirvana во 6:30 часот наутро, кога веќе никој овде не се грижи дека луѓето имаат потреба од нормален сон.“

Коментарите се на страната на жената

Многу корисници се согласиле дека соседот е сосема безобразен што прави бучава во два по полноќ.

Еден прокоментирал: „Имам ист проблем. Не знам дали е мачка која добива напад или човек. Еве, и јас сум буден поради тоа.“

Друг додал: „Зошто е тој буден во тоа време? Звучи како да е безобѕирен без разлика на причината и треба да си купи слушалки. Сомневам дека било кој друг сака да ја слуша неговата бучава.“

Трет се надоврзал: „Ситната одмазда со алармот е сосема оправдана. Ако веќе сите живееме во хаос, тогаш нека утрото започне со Paramore.

Соседот се преселил на тераса

Оваа објава се појавила откако уште една личност неодамна ги сподели своите маки со соседите на Reddit, откривајќи ја „одвратната“ навика на својот сосед на балконот.

Жената раскажала дека нејзиниот сосед почнал да „живее“ на балконот, што сериозно го нарушило нејзиниот квалитет на живот.

Во својата објава напишала:

„Се преселив на кат од стара двокатна куќа пред два месеца. На почетокот сè изгледаше во ред, но потоа човек во педесеттите се всели во станот под мојот. Живее сам. Од првиот ден правеше бучава, но тоа го толерирав, мислејќи дека е вообичаен хаос при вселување. Ситуацијата се влоши кога ја претвори својата тераса во дневна соба и почна таму да го поминува најголемиот дел од времето.“

Неколку дена подоцна купил нов мебел за балконот и „буквално почнал да живее надвор“.

Таа продолжила:

„Седи на балконот само во долна облека, постојано пуши, гледа видеа на звучник и прави долги видео-разговори. Понекогаш тие видео-разговори траат и по полноќ.“

Жената размислувала да му остави порака, но корисниците на Reddit ѝ предложиле други решенија. Ја советувале да пушти гласна музика за да го натера да влезе внатре или дури да постави хранилки за птици за да му го одвлече вниманието.