Православна црква денес го слави Светиот свештеномаченик Вавила. Свети Вавила бил антиохиски патријарх и патријарх на целиот Исток во периодот од 237–253 година.

Во православната црква се споменува како свет маченик, кој пострадал во прогонот на цар Декиј Трајан.

Според преданието од житието, Вавила за време на еден пагански празник го спречил антиохискиот цар Нумеријан да влезе во христијанскиот храм за време на литургија која ја служел.

По тоа царот наредил црквата во која се служела литургијата да биде запалена, а Вавила бил уапсен.

Кога бил одведен на сослушување, признал дека е христијанин, иако тоа тогаш било строго забрането. По тоа признание, Вавила бил окован и како окован возен низ градот, приморуван да им се поклони на паганските божества и да се откаже од верата во Исус Христос.

Свети Вавила потоа бил обесен на дрво и мачен со оган, а на крајот царот наредил да му биде отсечена главата.

Погребан бил заедно со своите ученици кои исто така пострадале поради верата.

Православна црква денес ги одбележува и Светиот пророк Мојсеј Боговидец, Свети Петар Дабробосански, како и Преподобниот Стефан Троношки.

За денешниот празник се верува дека треба да се упати молитва кон овој светител рано наутро.