Пред да одлучите дали ќе купите детергент за перење во прав или течен детергент, добро е да знаете кога се користи кој тип, кога има подобра ефикасност и кој е поповолна опција.
Меѓу бескрајните рафтови со детергенти, тешко е да се избере производ што најдобро ќе ги исчисти постелнините, пешкирите и најделикатните парчиња облека. И додека изборот на мириси може да одземе време, главната одлука се сведува на едно: течен или прашкаст детергент?
Според експертите за перење, одговорот е – зависи.
Кога е подобро да се користи прашок?
1. Кога имате многу валкана облека
Одежда натопена со пот, валкани кујнски пешкири или алишта со упорни дамки – прашкестиот детергент често е поефикасен.
„Прашокот е поефикасен во отстранување нечистотија и маснотии, особено кај многу валкана облека. Обично е поконцентриран, па дава повеќе сила за чистење“, објаснуваат експертите.
2. Кога сакате поеколошка и поевтина опција
Прашокот обично трае подолго, бидејќи од едно пакување се добива повеќе перења. Најчесто е спакуван во картон, кој е полесно да се рециклира од пластичните шишиња.
Покрај тоа, прашокот е поевтин и поконцентриран, па на долг рок е поисплатлив.
3. Кога се грижите за насобирање остатоци во машината
Претераната количина детергент може да доведе до непријатен мирис, таложење наслаги и мувла во машината. Тоа ретко се случува со прашок.
Прашокот се испира потемелно и е подобар за долгорочно одржување на машината.
Кога да користите течен детергент?
1. Кога треба да ги третирате дамките пред перење
Течниот детергент може директно да се нанесе на ткаенината, што го прави идеален за претходен третман на дамки.
2. Кога перете чувствителни ткаенини
Течниот детергент полесно се раствора и е поблаг за деликатни материјали, особено при рачно перење.
3. Кога перете во ладна вода
Течните детергенти многу подобро се раствораат на ниски температури, па се погодни за програми со ладна вода.
Заклучок
Изборот меѓу прашок и течен детергент зависи од вашите навики и потреби. Размислете:
-
какви дамки најчесто имате,
-
дали ви е потребен претходен третман,
-
и дали ви е важно подлабоко чистење или свежина.
Во многу домови најдобро функционира комбинацијата од двата – прашок за потешко валкано перење и течен за дамки и деликатни ткаенини.
И на крајот, и двата вида можат одлично да исчистат, па ако преферирате еден од нив, слободно држете се до вашиот избор.
