Познатиот албански пејач Шпат Касапи ненадејно почина на 40-годишна возраст од срцев удар, што предизвика голем шок кај неговите обожаватели и во јавноста.

Роден во Тетово, Касапи ја градише својата кариера на релацијата Северна Македонија – Албанија, вклучително и Косово. Многумина го нарекуваа „албанскиот Сакис Рувас“ поради неговиот стил и музичко влијание.

Покрај успешната музичка кариера, тој беше познат и по својот приватен живот. Шпат беше во врска со Селвије, дизајнерка или шминкерка, со која пред неколку години го доби својот син.

Неговата мајка, Ѓулјусери Касапи, беше пратеничка во Македонија, што дополнително го прави овој настан трагичен за семејството и јавноста.

Особено остана запаметен по песната „Валје Косоваре“, која ја изведуваше заедно со Ардијан Бујупи, а која и денес ја слушаат многумина.