Цената на електричната енергија што државната компанија ЕСМ ја продава ќе порасне за 4,84% од почетокот на наредната година, што директно влијае врз конечната цена што ја плаќаат домаќинствата.
Од ЕВН Хоме информираат дека, како Универзален снабдувач, на тендерот за набавка на струја за периодот јануари–декември 2026 година добиле само една понуда – од АД ЕСМ. Понудената цена изнесува 65 евра по мегаватчас и покрива 100% од планираните количини потребни за снабдување на корисниците.
Ова зголемување на производната цена ќе има клучно значење при формирањето на конечната, регулирана цена на струјата за граѓаните.
