Вчера во 23:00 часот, 51-годишна скопјанка пријавила во СВР Скопје дека околу 17:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзините малолетни деца – 14-годишниот син и 16-годишната ќерка – влегле во автомобил „опел“ управуван од лице со иницијали В.С.

Според пријавата, возачот во возилото физички го нападнал 14-годишното момче и го оставил во населбата Сингелиќ, додека со девојчето продолжил да се движи со автомобилот во непознат правец.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./press24.mk