Доктор Ненад Лазаров на својот профил на Фејсбук реагираше за новиот систем на сообраќајни камери што треба да стартува од 1 јануари. Тој оцени дека, доколку камерите навистина почнат со работа од тој датум, „до Божиќ пола Скопје ќе нема возачки“.
Лазаров додаде дека јавниот превоз мора сериозно да се подготви за можната голема навала, бидејќи, како што вели, казните се веќе неизбежни.
„Да не се разбереме погрешно – не гледам друг начин освен казни. Не можеме да нормализираме секојдневни жртви во сообраќај“, напиша тој.
Неговата објава предизвика бројни реакции и отвори нова дебата за тоа дали Скопје е подготвено за ваквиот систем и што ќе значи тој за возачите и градскиот превоз.
