Кога исповедниците Христови биле на разни начини мачени и убивани, многу христијани ги напуштале градовите и бегале во пустини и пештери.

Светиот маченик Кодрат се родил во Коринт, а бил воспитуван во време на голем прогон на христијаните од страна на незнабожечките цареви и кнезови.

Во тие страшни времиња, побожната жена Руфина во градот Коринт побегнала во пустина од страв од мачителите и се криела по непроодни места.

Кога дошло време да се породи, таа во пустината родила машко дете, а по неколку дена починала. Но Бог не сакал да го остави ова сирото создание, туку му станал и татко и мајка, и воспитувач и хранител.

Така новороденчето живеело во пустината слично на свети Јован Крстител: хрането од Бога и раководено и поучувано од Светиот Дух во боговидение.

Кога пораснал во младич, го пронашле христијани и го одвеле во град. Таму го запишале на училиште и тој станал лекар.

Но навикнат на пустинскиот живот, постепено се оддалечил од градот и по планините поминувал многу денови, па и години. Во градот доаѓал само кога било потребно.

Лекувајќи ги телесните болести со лекарства, а душевните со Божјата реч, им станал потребен и полезен на сите. Но не се задржувал долго во градот, туку се враќал во својата сакана пустинска осаменост, каде што му се приближила и староста.

Такви биле и Кипријан, Дионисиј, Аникт, Павле и Крискент, кои пострадале заедно со него за Господ Христос.

Во спомен на овој голем маченик и светец, секој христијан утре треба да направи едно добро дело.