Весна од Шабац ја сподели својата необична животна приказна на Јутјуб. Таа неочекувано дошла до 700.000 евра и открива како ги потрошила.
„Парите се, како да кажам, ѓаволска работа! Без нив не може, но не можеш да купиш живот и здравје. Луѓето мислат – има пари, ќе се излечиш… не е така. Те понесува друштвото, те носи животот…“, раскажува Весна.
Таа имала тешко детство – родителите ѝ биле разведени, татко ѝ починал кога имала 9 години, а мајка ѝ подоцна се разболела и починала од рак. Како дете останала сама и почнала да работи уште на 12-13 години, најпрво миејќи чаши во кафана.
Подоцна запознала семејство кое долго живеело во Германија и кое ја прифатило како своја. И денес живее во нивната куќа, иако тие веќе не се живи.
Токму таму се случил пресвртот:
„По смртта на ‘мајка ми’, после неколку дена почнав да чистам. Кога го тргнав чаршафот од душекот, видов нешто завиткано. Отворив – пари! Сè беа банкноти од 100 и 200 евра. Бев во шок…“, раскажува таа.
Парите, како што вели, можеле да бидат доволни за неколку станови.
Но наместо да ги вложи паметно, Весна признава дека направила голема грешка:
„Ден по ден – трошење, друштва, излегувања… Сите ти се пријатели додека имаш пари. Јас давав на сите, мислев дека се вистински пријатели, а не беа. Останав без ништо…“
За една година ги потрошила сите пари, без да купи ништо значајно.
„Со оваа памет денес би купила станови, би вложила… А јас трошев по кафани, плаќав за сите – бев ‘кралица’…“, вели таа.
Раскажува и шокантен момент кога сфатила колку лесно ги трошела парите:
„Еден таксист ми рече дека колата ја купил – од моите пари. Тогаш сфатив…“
По трошењето, Весна останала без пари, без храна и со мал број вистински пријатели.
Смртта на жената која ја згрижила тешко ја погодила, па паднала и во алкохолизам, но подоцна успеала да се извлече.
Денес вели дека научила важна лекција:
„Животот е еден, но треба да се живее паметно. Парите се за трошење, но треба да се искористат правилно.“
