Ники Хилтон Ротшилд синоќа блесна на црвениот тепих на премиерата на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“, облечена во провокативна креација на брендот Роберто Кавали.

Изглед што привлече огромно внимание

Ники Хилтон Ротшилд се смета за една од најбогатите жени во светот, а нејзиното појавување на премиерата предизвика големо внимание. Таа носеше отворена и елегантна тоалета во која до израз дојде нејзината фигура – затегнати стомачни мускули и нозе.

Фотографиите брзо се проширија на социјалните мрежи, каде коментарите беа поделени, а еден особено се издвојуваше:
„Ѓаволот носи Кавали“.

Богатство, митови и теории

Иако нејзиното семејство со години се смета за едно од најбогатите во светот, околу нив постојат бројни теории и митови. Некои тврдат дека богатството на семејството Хилтон и Ротшилд е толку големо што луѓето со години ги опишуваат како „оние што ја продале душата за пари“.

Сепак, Ники никогаш не се наметнувала со своето богатство, дури ни по бракот со човек од друга моќна и богата фамилија – Ротшилд.

Џејмс Ротшилд е припадник на една од најпознатите финансиски династии во светот.

Како се запознале Ники и Џејмс

Се запознале во 2011 година на свадба на заеднички пријатели во Рим. Подоцна продолжиле да се гледаат и да одржуваат врска на далечина, патувајќи меѓу САД и Обединетото Кралство.

Во 2014 година, Џејмс ја побарал за жена на романтично патување на езерото Комо во Италија, со дијамантски прстен.

Брак и семеен живот

Следната година се венчале во Лондон, во Кенсингтонската палата. Од тогаш се во брак речиси 11 години и имаат три деца.

Нејзината сестра, Парис Хилтон, изјавила дека нивната врска е стабилна затоа што пред сè се најдобри пријатели.