Ако сте појадувале во 7:30, напладне изедете јаболко и мандарина
Појадокот е оброк што не треба да се прескокнува. Кога ќе станеме, најважно е денот да го започнеме на здрав начин.
Д-р Војислав Перишиќ во една прилика зборуваше за појадокот и го истакна она што сите треба да го знаат.
– Појадувајте задолжително, мора да има едно јајце, еве и зошто. Тоа има многу протеини и витамин Е, а специфично е динамичкото дејство на протеините. Тие нè снабдуваат со „цигли“ за изградба на организмот, го забрзуваат метаболизмот за 15 проценти, па веднаш сме поспособни, повнимателни и поразбудени по појадокот – рече тој.
Со јајцето изедете парче леб со путер, а потоа за ручек ќе го „измамите“ организмот, објасни тој.
– Сите се договоривме дека појадокот мора да биде солиден, малку путер на леб, јајце. Влезете во денот нутритивно снабдени. А потоа ручек! Едно јаболко, и ништо повеќе за ручек – рече докторот, кој претходно ја изненади јавноста со изјава за најопасниот дел од овошјето.
– Ако сте појадувале во 7:30, напладне изедете јаболко и мандарина, или половина банана, и ништо повеќе! Ручајте дури во 17:30, супа и нешто варено, најдоцна до 18 часот. Може неколку варени компири со зачини, за да бидат вкусни, особено ако е млад компир, штотуку изваден – тоа е одлично. Парче месо, салата, најдобро зелка, сега ја има насекаде и многу е здрава. И тогаш сме сити – рече гастроентерологот, кој во истото интервју остро зборуваше и против автофагијата.
Вечерата е повеќе како ужина и треба да биде по 21 часот.
– Во 21:30 каснете нешто, според правило. Шолја чај и неколку бисквити. И тоа мора да биде редовно, нема да држиме диета, туку тоа ќе го наречеме стил на живот – рече докторот.
Тој опиша и што му подготвувала мајка му кога бил дете за да биде силен и здрав, а станува збор за едноставна и вкусна мешавина од состојки што сите ги имаме дома.
– Јас како дете не бев јадач, па мајка ми земаше малку мед, матеше јајце во млеко и тоа заедно го пиев. Го матеше во шолја за бело кафе, мораше да биде живо јајце. Па знаете ли вие што е тоа за здравјето – рече тој.
