Едноставен рецепт за здрава чорба која го зајакнува целиот организам.

Летниот зеленчук е во полн ек, а пазарите се преполни со свежи плодови. Ова е едноставен рецепт за вкусна и хранлива чорба богата со витамини и минерали, подготвена без запршка и без брашно.

Потребни состојки:

  • 1 мала главица кромид
  • 2 свежи моркови
  • 1 помал целер
  • 1 свежа пиперка
  • 1 поголем компир
  • половина тиквичка
  • 3 лажици замрзнат грашок
  • 3 лажици замрзната слатка пченка
  • малку карфиол или парче свежа зелка исечкана на коцки
  • 3 лажици ориз
  • 1 зрел и сочен домат
  • сув зачин и мелен црн бибер по вкус
  • свеж магдонос
  • малку масло за динстање

Подготовка:

Во тенџере ставете малку масло и додадете ситно сечкан кромид. Пропржете го додека да омекне.

Потоа додајте ги ситно исечканите морков и целер и динстајте ги со малку вода додека не омекнат.

Кога зеленчукот ќе омекне, додајте ги тиквичката и компирот исечкани на мали коцки. Продолжете да динстате уште неколку минути на умерена температура.

Потоа додајте ги грашокот и слатката пченка, налејте топла вода и оставете чорбата да зоврие.

Оризот добро измијте го под ладна вода, па додајте го во чорбата. Зачинете со сув зачин и мелен црн бибер по вкус.

Пред самиот крај на готвењето додајте го излупениот и ситно исечкан домат.

Оставете чорбата да се вари околу 25 до 30 минути, во зависност од јачината на шпоретот.

На крај пробајте ја и, доколку е потребно, додајте уште малку сол.

Тргнете ја од оган и посипете ја со ситно сечкан свеж магдонос. Послужете ја топла.