Пумологот Бранимир Несторовиќ во јуни напоменал дека наскоро ќе оди во пензија. Фотографија со торта, која ја добил по тој повод, ја ставил на Инстаграм.

– Постојат колеги и пријатели. Пријатели од фирмата за пензионерските работни денови – напишал докторот на фотографијата на која било напишано “За сладок нов почеток“.

Веднаш следеле коментари кој го следат овој познат лекар. – Среќна и долговечна пензија, предобр човеку. Голем поздрав од Зрењанин од Дуња и мама – напишано е на Инстаграм на профилот Бранимир Несторовиќ.

Кога во средина на јуни зборувал за пензионирање, лекарот рекол дека ќе отвори ординација, дека ќе вози мотор, ќе свири гитара и ќе одгледува кученца. Додал дека ќе држи предавање и ќе чита книги.

Познатиот пумолог минатата недела се појавил во медиумите после месец и половина и предизвикал големо внимание во јавноста. Во таа прилика изјавил дека нема да разговара за корона бидејќи сето тоа предого трае, дека луѓето се изморени и дека им досадило и на бога и на народот.

Навел дека се “повлекува“ од јавноста бидејќи неговиот личен живот почнал да трпи.

– Женами престана да излегува со мене, а и ми досади да бидам црна овца. Јас сум лекар. Ми се случуваше да одам во пекара и да ме сопре човек кој и ми рече дека сака да ми подари кревет. Како бре, зошто мене ми подаруваш кревет… рекол тогаш Несторовиќ во емисја и нагласил дека поради него ќерката морала да го угаси Фејбук профилот.