Дел од македонска народна приказна кој е објавен во македонски учебник ги вознемири дечињата.
Станува збор за учебник за второ одделение. Во приказната, мајката бидејќи не успеала да заврши на време со тоа што и било дадено како задача, се претворила во КРАВА!

На дел од возрасните можеби оваа приказна ќе им биде смешна, но за деца на оваа возраст воопшто не е така.
Една мајка ја контактираше редакцијата и ни ги испрати овие фотографии.
„Читавме со мојата ќерка дел од учебникот и започна да плаче велејќи ми дека не сака и јас да станам крава. Каква е оваа содржина? Главниот проблем е во незрелоста на децата за ваква материја и вокабулар. Моето дете се исплаши“ – ни рече мајката на второоделенка од основно училиште во Скопје.
Mediagoco.co
