Што се однесува до вирусот, Џесика не е оптимист дека во најскоро време ќе биде победена епидемијата.
Џесика Адамс јавно предупреди дека на планетата и се заканува пандемија, но не предизвика никаков интерес во јавноста. Таа дала и точен датум кога ќе започне епидемијата – 10 јануари 2020. година. Подоцна, многумина се сетија на нејзините зборови и заклучиле дека тогаш, навистина починала првата личност во Европа.
Џесика во 2019. година јавно рекла дека ја откажува прославата закажана за март 2020. година, бидејќи нема да се одржи. Тогаш рекла дека еклипса која се случила на 10. јануари 2020. година ќе биде незаборавен код. Потоа објавила дека го напушта Лондон и се сели на Тасманија каде ќе живее со две кучиња и пилиња.
Нејзиниот следен пост на блогот бил од март 2019. година во кој се обратила до американските читатели и најавила дека 1. октомври – денот кога е објавено дека Доналд Трамп има ковид. Таа го најавила со зборовите:
Доналд Трамп со Меланија ќе се симнат од сцената, а акциите на Вол Стрит ќе сурфаат. Меѓутоа, ништо нема да изгледа како што беше на почетокот – изјавила таа.
Дали ќе победи Доналд Трамп? Што ќе биде следниот потег на Меган Маркл? Кога ќе се заврши борбата со ковид?
Џесика велела дека четири дена пре американските избори се ќе се промени, а ќе има врска со пријателство, група луѓе и глобална безбедност.
-Опра Винфри на некој начин ќе биде вклучена во овој предизборен скандал – пишувала Џесика.
Што се однесува до ковид, Џесика не е оптимист дека во најскоро време ќе биде победена епидемијата. Поточно, таа мисли дека вакцина нема да биде пронајдена, но дека ќе научиме да живееме со вирусот.
-Не е се толку страшно, не се грижете, Божиќ ќе биде фантастичен оваа година – вели Џесика.
Бидејќи Џесика е британски асттролог, посебно внимание посветува на кралската куќа. Вели дека треба наскоро да се очекува средба на принцовите Вилијам и Хари која ќе биде неверојатно емотивна.
Таа верува дека Меган Маркл и Хари ќе инвестираат во прехрамбениот бизнис кој ќе биде алтернатива за кафе, чоколадо или месо. Оваа работа ќе им донесе приход и Хари ќе биде згоден бизмисмен.
