Една жена од Велика Британија останала во шок, откако на снимката од безбедносната камера видела како непозната жена и доаѓа пред куќата и и ја краде накитената елка.

Кавилен Оливеира (25) рекла дека нејзиниот 4-годишен син бил воодушевен од идејата да стават елка пред куќата. Но среќата не му траела долго затоа што дрвцето им било украдено.

– Ова беше тешка година за сите нас, ние само сакавме да направиме нешто убаво за сите, но ете дрвото ни е украдено. Бев во шок затоа што не беше некој тинејџер, туку жена. Ова е нешто што може да го доживеете во Бразил, но не го очекував во Англија, рекла Кавилен, која е родена и порасната во Бразил.

Полицијата ја потврдил случката и рекле дека истрагата е во тек.