Штом ќе му се вмешаш на некој, со свои совети и ‘добрина’ која не ја бара, веднаш:
1. Делимично ја превземаш на себе неговата карма- лекции, кои тој мора да ги проживее, одработи, научи, разбира, самиот да ги помине.
2. Твоите совети можат да бидат дури корисни и потребни, но тие се добиени на подарок, а не преку лично трагање, страдање, загуба, обраќање на Вишите сили. Како прво- тие не се вреднуваат, а како второ- тие луѓе со тебе зборуваат како со совршен. Прашање: дали си совршен и дали знаеш сигурно на кој што и како му требаш?
3. Уште полошо од тоа е кога ќе одлучиш да завршиш нечија работа или да му ги решиш проблемите, кога не ти е побарано. Ти со својата енергија го носиш теретот на тие проблеми, односно, доброволно себеси си ставаш окови и го поврзуваш каналот на тој човек со одреден твој центар и почнува прелевање на твојата енергија.
Ти доброволно го правиш човекот паразит, што негативно влијае на него, бидејќи тој престанува да живее свој живот и да ги решава задачите на својата душа, а на физички план ти добиваш проблеми со грбот и кичмата, бидејќи не можеш да влечеш туѓ терет. Вишите сили гледајќи како се мешаш во Божјата намера, почнуваат да те проверуваат. Те ставаат во искушение, те привлекуваат кон ситуации за проверка. Дали си сигурен дека ќе издржиш и дали сакаш да го положиш испитот за екстерна богоугодност?
4. Стапувајќи со некој во контакт, ти ја даваш својата енергија и ја добиваш неговата. Ние сме така направени, преку комуникација да се’ развиваме. Но, постојат луѓе чии енергии можат да ти направат штета, да те оптеретат, да ти засметаат, да те турнат од правиот пат.
5. Секој човек кој се наоѓа на своето ниво на развој, привлекува кон себе соодветни вибрации, информации и луѓе. Ако некој нешто не привлекол, тоа значи дека тој треба до тоа да порасне или да падне, а тоа веќе одлучува Космосот, а не ние.
