Дваесет и четиригодишна жителка на Липково пријавила во полицијата дека била измамена за 165.000 денари од сограѓанин кој ѝ ветувал вработување во Швајцарија.

Според пријавата, по предавањето на парите осомничениот станал недостапен и прекинал секаква комуникација со неа.

Случајот е пријавен во надлежната полициска станица, а се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на измамата.