„GeoGuessr“ е географска онлајн игра која виртуелно ги носи корисниците на одредена локација во светот а тие според прикажаната околина треба да погодат каде точно се наоѓаат.

Играјќи ја оваа игра, познатиот јутјубер „Pewdiepie“, се најде во Скопје, Македонија и ги коментираше скопските улици.

Јутјуберот на крајот успева да погоди дека станува збор за Македонија, но не ја погоди точната локација.