Од Нова година нè очекуваат обилни снежни врнежи и температури какви што не сме виделе речиси 40 години

Најновите метеоролошки пресметки укажуваат на можноста за враќање на зима каква што Македонија не ја искусила со децении. Прогностички модел IRIE, за првпат откако е во употреба, за утрото на 5 јануари 2026 година прогнозира дури -15 степен Целзиусов за делови од Скопје!

 Ова е најновиот излез на моделот, поддржан со AIFS вештачка интелигенција. Многу снег и температури како пред 40 години — вистинско враќање во минатото — напиша тој.

Снежна бура

— До 30–40 сантиметри снег се очекуваат во планинските предели, каде поради засилениот ветер е можно и создавање снежни наноси — предупредуваат од УХМР.

Во останатите делови од Македонија, исто така се очекува формирање снежна покривка, но со значително послаб интензитет.

Снегот во тие области ќе биде најизразен во утринските и претпладневните часови, додека во текот на денот се очекуваат повремени прекини на врнежите, соопштуваат од УХМР.