Филип Иванов на својот ФБ објави статус Ви го пренесуваме во целост:

Бидна и тоа!
Благодарение на Бога, и дарежливоста на поединци и Македонските цркви, купен е резервоарот за вода за училиштето во Њабелико, во „џунглата“ тука во Уганда!

Во училиштето има неколку стотини деца, и со новите четири училници и резервоарот за вода значително се подобруваат условите кои ги имаат, односно децата нема да пешачат по 4км. да полнат небезбедна вода за пиење.

Исто така, со вашите донации ќе бидеме во можност да купиме врати, прозорци и цемент за подот, барем за половина од новите училници. Затоа, уште еднаш, огромно благодарам до сите вас!

Еве го интересниот дел. 🙂
Веќе знаете дека самите луѓе тука, од благодарност, го нарекоа овој проект „Македонско-Афричка Божествена Организација“. Е сега, пред некој месец добивам порака од Тит, директорот на училиштето, и тој ме замолува кога ќе дојдам да им донесам македонско знаме, затоа што старото кое гордо го вееја (ако ви текнува на постот од минатата година) со тек на време изветвило… Си велам, зарем е можно човек кој никогаш не ја видел