Си тече интервјуто онака лабаво и на крај, во с(т) удиското време, Оливера го прашува: Не сметате дека тоа што користите лош речник за вашите противници не му личи на еден градоначалник? Еве на пример кога го на рековте Дурловски оперска певаљка.

И Шилегов на тоа одговара. Не само што е певаљка туку е, фашист! Хушкаше народ да убива пратеници на 27 април!

На тоа Трајковска му враќа: Немојте така сепак, оваа квалификација е многу тешка, па судот го ослободи.

И тука Шилегов не застана туку продолжи да везе: Па и Шешељ го ослободија во Хаг, па што, за мене е крив. Исто и Дурловски. Фашист е! Фашист!

Трајковска намерно наведнала глава и ќути, го остава да се дозакопа, а овој збори ли збори на тема фашистот Дурловски.

А бе цепки. Си ја јоктоса цела кампања. Колку е лошо кога ароганцијата ќе ја преземе твојата личност кога си на власт. Се губиш. Лошо е кога си во близина на таков човек, особено ако е човек од власт и моќ. Најлошо е за него самиот.

Зашто колку е пропаста поблизу до него, толку повеќе зема сила дека е над неа и дека е недопирлив. Не ја забележува. Ароганцијата старата болка на СДСМ. Фелер поради кој изгубија 100 избори и не можеа да се вратат на власт до 2017, кога ја презедоа со помош на фирми ќерки на ЦИА.

Веќе долго време не газат на земја. Заев и сите околу него се станати толку арогантни, што секој ден таа маана им кине барем по 100 гласа. Рано ви е зимата. Почаламете се уште малку. После че биде пишЧење и вришЧење.