По повод неговиот именден денес Никола Груевски се обрати на ФБ со порака за благодараност на сите кои му честитале.

Примив огромен број честитки по повод празникот Св. Никола како мој именден, на сите апликации и социјални мрежи и бидејќи физички е невозможно денес да успеам на сите поединечно да одговорам ја праќам оваа порака како возвратна.
Чувствувам дека најголем дел од нив се искрени, напишани со љубов и од срце и би сакал да се заблагодарам за вниманието и добрите желби на секој еден кој ми честиташе именден, дури и на оние чии желби ми личат тешко остварливи.

Посакаувам здравје и среќа на секој од Вас во чии мисли бев денес барем за миг, и кој ми испративте преку вашата порака дел од себе, и се потсетувам дека на некој начин животот ни го враќа само она што им го даваме на другите а секоја мисла има одредена моќ и како што рече големиот Никола Тесла: “моќта на една мисла може да го одреди движењето на универзумот!
За многу години Св. Никола!