Едно од најчестите прашања што меѓусебно се поставуваат корисниците на Инстаграм е – Дали е можно да откриете кој го гледа нивниот профил?




Без разлика дали имаат отклучен или заклучен профил, голем број на корисници на Инстаграм се обидуваат да откријат кој го посетува нивниот профил. Ова е причината зошто тие често инсталираат разни апликации и користат некои од многуте онлајн услуги за да добијат одговор на ова прашање.




Сепак, важно е да се нагласи – не е можно да се види кој го гледа вашиот профил – без оглед која апликација ја купувате и ја користите за овие цели.
Од 2012 година, кога Фејсбук го купи Инстаграм, заштитата на приватноста на корисниците е дополнително засилена. Не постои споредна апликација што може да им ја открие на корисниците кои го гледаат нивниот профил.
Всушност, повеќето платформи кои нудат такви услуги се создадени за да соберат разни податоци што сопствениците на овие апликации потоа ќе ги пренесат.




Сепак, постојат неколку апликации кои добиле позитивни критики поради аналитиката што ја прикажуваат на своите корисници.
На пример, Visitor Pro апликацијата за iOS собира податоци од вашиот профил и потоа покажува кој најчесто ги гледа вашите приказни на Инстаграм, лајкови и коментари на вашите објави и слично. На овој начин, можно е да откриете кои се вашите најверни придружници.




Сепак, идентични опции се веќе достапни на Инстаграм. На пример, ако ја посетите списокот на луѓе што ги следите на Инстаграм, ќе најдете и две дополнителни списоци: Луѓе со кои комуницирате најмногу и луѓе со кои најмалку комуницирате.




Понатаму, ако одберете да ја активирате (бесплатната) опција „Деловен профил“, ќе добиете увид во подлабока анализа која ќе ви открие колку луѓе го виделе вашиот пост, колку ја зачувале фотографијата / видеото што сте ги објавиле, од кои градови најмногу од вашите следбеници доаѓаат …




Покрај тоа, достапна е апликација Follower Insight која испраќа известувања до корисниците секогаш кога ќе изгубат следбеник или кога некој ќе ги блокира. На крајот на краиштата, оваа опција е веројатно најмногу што можете да добиете ако изберете да користите секундарни платформи за истрага.
