Бил ученик на Свети Јован Богослов, кој и го ракоположил за епископ на градот Смирна.
Денес го славиме Свети Вукол Смирнски. Тој бил христијански светител и епископ смирнски.
Бил ученик на Свети Јован Богослов, кој го поставил за епископ на градот Смирна. Во тоа време во Смирна имало мал број крстени христијани.
Во темнината на незнабоштвото, свети Вукол светел како јасна свеќа. Се одликувал со сите добродетели, а особено со благост и кротост.
Кога дошло времето свети Вукол да замине кај Господа, тој го ракоположил свети Поликарп за епископ и свој наследник во Смирна, правејќи го пастир и учител на своето духовно стадо. Потоа мирно се упокоил.
По неговото погребување, според преданието, на неговиот гроб израснала мирта, која исцелувала – и до ден-денес исцелува од разни болести оние што со вера доаѓаат.
Обичајот и народното верување велат дека денес треба да се изговори молитва за заштита од болести.
Тропар (глас 4):
„Вистината на нештата му се јави на твоето стадо како правило на верата, образец на кротост и учител на воздржание. Затоа со смирение стекна високи почести, а со сиромаштија – богатства. Оче Вуколе, моли Го Христа Бога да ги спаси душите наши.“
