Денес верниците го одбележуваат празникот наСвета Агата, христијанска светителка која се смета за заштитничка на жените и на сите што неправедно страдаат поради верата и убедувањата. Со овој ден е поврзана и посебна утринска молитва за мир, сила и духовна утеха.

Според црковната традиција, на празникот верниците денот го започнуваат со молитва и тивко благодарење, барајќи благослов и заштита за семејството и домот.

Молитва кон Светата маченица Агата

„Овчицата Твоја, Исусе, Агата, Те повикува со силен глас:
Тебе, Жениху мој, Те љубам и барајќи Те — страдам;
со Тебе се распнувам и во Твоето крштение се погребувам.
За Тебе страдам за да царувам со Тебе;
за Тебе умирам за да живеам со Тебе.
Прими ме како чиста жртва, со љубов принесена Тебе.
По нејзините молитви, како Милостив, спаси ги нашите души.“


Којa била Света Агата?

Света Агата е родена во угледно и богато христијанско семејство во градот Палермо, на Сицилија. Уште од млада возраст живеела побожно и била позната по својот морал, скромност и цврста вера.

Во времето на прогоните на христијаните во Римското царство, таа била уапсена и изведена пред управник кој сакал да ја принуди да се откаже од својата вера и да ја прифати неговата волја. Агата тоа решително го одбила, нагласувајќи дека му е целосно посветена на Христос.

Поради нејзината непоколебливост била изложена на сурови маки и затвор, но според преданието останала духовно силна до крај. Се упокоила во 251 година и набргу потоа била почитувана како маченица и светителка.

Народното предание раскажува дека оние што се обиделе неправедно да се збогатат на сметка на нејзиното семејство подоцна биле стигнати од несреќа — што верниците го толкуваат како знак на божествена правда.