Почитувани целата забуна и страв кај голем дел од Вас е поради тоа што кај нас премногу лесно се става дијагнозата анафилактичен шок, а скоро секогаш се работи за анафилактоидна или алергиска реакција.

Дури и да сте имале вистинска анафилакса, многу е мала веројатноста да направите анафилакса и од вакцината, без оглед за кој вид се работи. Затоа Ве охрабрувам без никаков страв да се вакцинирате, а ако сепак стравот не Ви поминува, 3-4 часа пред вакцинацијата слободно напијте се антихистаминик со кратко дејство (Летизем, Лоратидин итн).

Штета би било поради страв, да се изложувате на дополнителен ризик од болеста, која како членови на оваа група, осознавте дека не е играчка.

Истата препорака важи и за заболените со автоимуни болести, кои имаат контролиран тек на болеста. И јас сум алергичен на пчели, развивам дури и гушење при убод, па без никаков страв ги примив двете дози pfizer, иако се смета за потенцијално најалергена. На ситe Ви посакувам успешна вакцинација и имунизација