Хуманоста на Филип не престанува тука, ние го следиме и се воодуешуваме на секоја негова хуманитарна акција…
Еден дечко на кој му помагавме со пакет храна месечно, ми се јавува и вели: „Филип, од месецов не ми треба помошта, фала му на Господ се стабилизирав, имам доволно, па мојот пакет давајте го на друго семејство во потреба, ним нека им биде на благослов. Фала ви, Господ нека ве благослови сите!“
Тоа е тоа народе!




Благодарение на неколкумина од вас што дониравте во текот на изминатите 3-4 дена, денеска бевме во можност да докупиме она што недостасуваше за пакети храна за уште четириесет семејства, со што веќе ја надминуваме стотката, а уште не сме на половина месец! 😊




Како црква и служба сè уште немаме свое возило, па посебна благодарност и благослов за луѓето кои секој месец се на располагање со своите возила да носиме храна, пакети и од останатата помош насекаде, и по пат, и таму кај што нема пат. 😃




На едно такво место, кај што нема пат, денес посетивме едно семејство кое има бебе од нецели 15 дена, а живеат буквално на самата депонија. Освен помошта на сликата, ќе ги посетиме и со друго, како облеката и теписите што некои од вас ни ги донесоа вчера.




На крај, ептен ми е ќеиф што можевме и да ја платиме витаминската терапија на една драга женичка на која досега и помагаме на различни начини, а сега се спрема за операција.
Благодарност и благослов за сите, слава на Бог за сè!

