Откриваме кој кујнски апарат троши најмногу електрична енергија и како можете тоа да го регулирате.
Многумина мислат дека фрижидерот и машината за сушење облека се најголемите потрошувачи на електрична енергија во домаќинството, но бројките покажуваат дека електричната рерна може да ја надмине нивната потрошувачка и до неколку пати.
Просечната моќност на електричната рерна се движи помеѓу 2.000 и 5.000 W, што во пракса значи од 40 до 90 kWh месечно, во зависност од тоа колку често се користи. За споредба, еден фрижидер во работа троши меѓу 300 и 800 W. Тоа значи дека кога рерната се загрева на високи температури, нејзината моментална потрошувачка може да биде еднаква на потрошувачката на дури 65 фрижидери.
Истражувањата покажале дека рерната во едно просечно домаќинство може да достигне и до 224 kWh годишно, што е значително повеќе од другите апарати кои работат секојдневно. Посебен проблем претставуваат моделите кои и во состојба на мирување трошат струја, бидејќи постојано го одржуваат вклучен часовникот или дигиталниот дисплеј. Во просек, „standby“ режимот може да „изеде“ од 5% до 26% од вкупната годишна потрошувачка на едно домаќинство.
Совети како да заштедите струја, а сепак да ја користите рерната:
-
Комбинирајте печења: искористете едно претходно загревање за подготовка на повеќе јадења.
-
Исклучете порано: рерната задржува топлина, па храната може да се испече и по гасењето.
-
Не ги отварајте често вратите: секое отворање ја намалува температурата и ја зголемува потрошувачката.
-
Исклучете ја од струја: ако вашиот модел троши и кога е изгасен, најдобро е целосно да го исклучите од приклучокот кога не е во употреба.