Тие играчки не побарале. Ама манџичка и лепче бараат. Плачат. Не сме способни малиот ниту во училиште да го пуштиме. Ги гледа во уста другите деца како јадат, а тој нема ништо. Немаме ниту пет денари да му дадеме.




Елена Небиова кога се родила, сигурно и ѕвездите за неа плачеле. За жал, таа го доживува најцрното детско сценарио, на две години била оставена од мајката. Следните десет години била тепана и малтретирана од маќеата и сопствениот татко, но, лузна ќе и остави периодот кога ќе наполни тринаесет години и од нив ќе биде избркана на улица. Сама и беспомошна Елена единствен излез бара во мажењето.




– Имав многу тежок живот. Кога сум била бебенце, мојата биолошка мајка се откажала од мене. Татко ми веднаш донесе друга жена, со која заедно ме тепаа и малтретираа, сè додека еден ден не ме исфрлија и од куќата во која сум се родила. Тогаш имав само тринаесет години.




Можеби спиењето кај другарки и каде ќе стигнев беше полесно и поиздржливо од теророт, што тие години ги трпев во родната куќа. И ден денес имам трауми и кошмари, за она што ми се случуваше таму. Најубавиот ден во мојот живот дефинитивно е денот кога се запознав со сопругот, кој иако е друга вера ме прифати. Се засакавме и одлучивме да создадеме семејство-со насолзени очи започнува да ја раскажува Елена својата тажна животна приказна.




Очигледно само љубовта не е доволно за животот да биде убав и безгрижен. Па, иако Елена и Ернест имаат меѓусебно разбирање и почит, сепак беспарицата и сиромаштијата е единствената рампа во нивниот несреќен живот. Ова семејство иако има дом нема мебел во домот, иако има деца нема храна за нив. Поради сиромаштијата, за да не ги гледа другите деца во класот, најголемиот син принудени дури и да го отпишат од училиште пред 4 месеци.




Најзагрозени сме во селото. Секој ден ми е тежок, ама деновите пред да ја земеме социјалната помош мислам дека се долги како векови. Децата ми плачат. Сакаат храна. Јас немам. Па, ако имам малку брашненце ќе замесам едно лепче и ќе им дадам да јадат така сув леб со вегетичка. Ќерка ми кога гледа храна се моли на Господ што и овозможил тој ден да не заспие гладна. Ако дома немам ништо, принудена сум да одам по комшии за да испросам некое зрна грав или тарана. Моите деца не бираат храна, само плачат кога се гладни.




Доколку сакате да помогнете на семејството на Елена тоа можете да го сторите на следниот телефонски број 0727054310 или на следната жиро-сметка 200003987196729




Целата сторија можете да ја прочитате на следниот линк Приказна.мк
