Нема кој не слушнал за Денис Јанкуловски, или како сам се нарекува Денко Космонаутко барем во последнава година дена. Тој важи за најпозитивниот лик од здравствената фела во овој момент . Често нѐ расположува со статусите на Фејсбук но и со песните кои обожува да ги пее.




Неодамна се закити со големото признание „Европеец на годината“. Не поздравува со гуш и бац, но од денеска Денко оди на принуден одмор.
Причина-неговото здравје.




Преку социјалните мреќи Денис соопшти дека ракетата ќе ги изгасне моторите на одреден период. Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:
„Од дневникот на Космонаутко или „Иако принуден, сепак одмор“




Првиот сигнал беше на Велигден. Вториот сигнал во четвртокот. Штурчето на Пинокио вика седи Денко дома, одмарај. И решението е – ракетата ќе ги изгасне моторите на одреден период. Анализи, интервенции, се што треба, но ништо не е воопшто ниту тешко ниту страшно се додека има решение. Изгледа имам вишок орган во мене без кој сепак се може .




Одмор. Овојпат навистина ќе биде одмор, посветен на здравјето и на семејството. Повеќе време да поминам со мојата потпора и поддршка во секоја ситуација. Повеќе време со мојот херој Biljana Jankulovska а со нејзе ниедна ситуација не е тешка




За жал извесно време нема да сум дел од вакцинацијата но се надевам дека од утре ќе биде многу помасовно, многу мои познати па и непознати без термин секојдневно ќе ми пишуваат „се вакцинирав“.




Чувајте се и понатаму за што побрзо да кажеме конечно КРАЈ на ова лудило кое предолго трае. Се дружиме секако и понатаму, се надевам набрзо и ќе си се видиме онака како што сакаме и како што е најубаво, со многу насмевки, прегратки и многу многу љубов.




И да. Здравјето пред се. Ма немам гајле, кога имам таква позитивна енергија околу мене
Се` ќе биде. Се` што ни треба е позитивна мисла, ведар дух и убава песна.




Се слушаме, читаме и гледаме
Гуш и бац од Космонаутко Одморко.“, напиша Денис на Фејсбук.
