им Кардашијан е жена која добро знае дека скандалот продава. Откако ги искористи сите адути од ракавот, ѝ остана уште еден – нејзината ќерка Норт Вест.
Затоа таа го зеде своето дете под рака и со неа прошета низ Париз, одведувајќи ја во ексклузивен ресторан на вечера. Притоа, Норт Вест беше облечена провокативно ако се земе предвид дека има само 12 години: корсет, кратко здолниште, обувки со платформа и коса обоена во кобалт сина нијанса која паѓаше по грбот.
Папараците бесомучно фотографираа обидувајќи се да ги „фатат“ провокативно облечената мајка и ќерка, а тие уживаа во секој момент.
Кој е Норт Вест?
Се зборува дека Норт Вест е женската верзија на својот контроверзен татко Канје Вест. Скандалите не ѝ се туѓи, а од вниманието на јавноста едноставно – таа процветува. Голем скандал предизвика кога настапи во Лос Анџелес на 30-годишнината од филмот Кралот лав, кога ја толкуваше улогата на младиот Симба. Нејзиниот настап беше опишан како најсрамниот пример на непотизам.
Очигледниот недостаток на вокални способности ја натера публиката да ја исвирка, а на социјалните мрежи речиси сите жестоко ги критикуваа Канје Вест и Ким Кардашијан дека го форсираат своето неталентирано дете.
И тоа, сепак, не ја спречи Норт Вест да издаде сопствен албум, да репува на јапонски во албумот на FKA Twigs, како и да се појавува во албумите на својот татко.
Се зборува дека Норт Вест веќе има над 370 милиони долари на својата сметка, а кога ќе стане полнолетна ќе наследи и до 2 милијарди долари.
За неа парите не претставуваат проблем. А скромноста? Сигурни сме дека ова дете е воспитано така што тој збор воопшто и не постои во нејзиниот речник.
