Мора да внимавате!

Многу луѓе без совет од лекар земаат сода бикарбона и тоа може да предизвика негативни последици.

Гастроентерологот проф. д-р Војислав Перишиќ предупреди и за содата бикарбона што луѓето ја пијат на своја рака.

„Стар трик е – ќе изедете нешто што не ви одговара, па ќе земете пилула против киселина. Ако ви стане подобро по 45 минути, тогаш проблемот е киселината. Каква сода бикарбона, човеку?! Таа ја неутрализира киселината само половина час и потоа дејството исчезнува. Треба да се земаат лекови со продолжено дејство, а содата бикарбона е принцип – држи вода додека мајсторите си заминат“, рекол д-р Перишиќ.

Нутриционистката Милка Раичевиќ додала дека за желудникот треба да се внесуваат и многу влакна, кои природно го зајакнуваат и го штитат од надразнување.

„Влакната го чуваат нашиот желудник, а јас би ги исфрлила печурките. Тешко се варат и ретко кој добро ги поднесува. Истото важи и за кромидот. Сè зависи од начинот на подготовка“, рекла таа и дала совет за подготовка на кромид.

„Ставете го кромидот пресечен во вода, почекајте да исчезне сулфурниот мирис, па дури потоа додајте го во јадењето и нема да ви пречи. Имате толку видови кромид, па и сремуш кој никому не му смета… Комбинирајте го со сирење или павлака, тоа ќе го неутрализира проблемот. Целиот свет прво јаде салата, а потоа главно јадење, а ние за жал недоволно ја користиме таа намирница што ја имаме преку цела година. Свежата зелка е една од најевтините, а многу здрава намирница, исто како и морковот. Треба да се јаде свежа, а не само да ја ставаме во супа, бидејќи кога ќе се свари, организмот може да искористи помалку здрави состојки од неа“, рекла таа.

„Кромидот е хранлив, содржи кверцетин, тоа е Божја намирница. Мојата покојна мајка го сечеше на половина, па го печеше на шпорет, а потоа го додаваше во супа – знаеше колку е тоа здраво“, се согласил д-р Перишиќ.