Ферментацијата на киселата зелка е природен процес, но ако условите не се добри, може да дојде до расипување. За среќа, постои решение кое ќе ви овозможи зелката да остане вкусна и крцкава со месеци, дури до пролет или лето.

Зошто се расипува киселата зелка

Ферментацијата е природен процес, но многу чувствителен на условите за чување. Најчестите причини за расипување се:

  • Превисока температура на просторијата

  • Недоволна количина сол во расолот

  • Изложеност на светлина

  • Зеленка која не е целосно потопена во течност

Деловите кои виреат од расолот најбрзо се расипуваат затоа што доаѓаат во контакт со воздухот.

Рецепт за брза реакција

Ако забележите дека расолот премногу пени или мирисот станува непријатен, треба веднаш да реагирате. Во бурето може да додадете 5 до 10 грама винобран.

Овој додаток помага да се стабилизира ферментацијата и да се спречи понатамошно расипување, особено ако бурето е во потопла просторија. Важно е да се реагира веднаш штом се појават првите знаци на промена.

Солен раствор како ефикасно решение

Еден од најдобрите начини за зачувување на зелката е подготовка на раствор од четири проценти сол. Во 10 литри вода додадете 400 грама сол, мешајте додека солта целосно не се раствори, а потоа зелката прелејте ја така што течноста ќе ја покрива до висината на една шакa.

Ако е потребно, зелката префрлете ја во чисто буре и добро притиснете ја, за сите глави целосно да бидат потопени. Потопувањето е клучно, затоа што зелката која вире од расолот најбрзо почнува да се расипува.