Нада Будисављевиќ, сестрата на Јованка Броз, откри како Јованка реагирала кога и соопштиле дека починал нејзиниот сопруг, тогашниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито.




Влегов во колата, отидов кај Јованка и цело време нешто излегуваше од мене. Тоа не беше плач, туку некои звуци. Влегов од терасата кај неа – се сеќава Нада.
Во документарно-фантастичниот серијал „Јованка Броз и тајните служби“, сестрата на Јованка, Нада Будисављевиќ, раскажа бројни непознати детали од животот на Јованка и Тито, како и како изгледал 4 мај 1980 година во Ужичка 16.
– Ја најдов, се гушкавме, плачевме, па … Тогаш ми кажа дека пред да се огласат на вести, дошол Драгосавац, загрепски политичар, само што влегол на врата, и рекол „Тито е мртов“, се сврте и излезе – низ солзи рече Нада.




– Само Индира Ганди и Сиримаво Банданаике не веруваа во официјалната верзија дека Јованка не сака да прими никого. Тие дојдоа кај неа да изразат сочувство. Во куќа во која претходно немало никој и ништо, одеднаш се создале келнери, чај, колачи, секретарки, преведувачи и слично – објаснила сестрата на Јованка во споменатата реализација.
