Доколку ја обожавате традиционалната штрудла со афион, но немате време да месите тесто, рецептот за пита со афион на Сузана Манчиќ е токму тоа што ви треба! Водителката ја подготвува оваа пита со готови кори, што значително ја олеснува и забрзува подготовката, а вкусот останува подеднакво добар, како да сте ја правеле рачно по стар, домашен рецепт од тетратката на баба.

Рецептот за питата со афион Сузана Манчиќ – познатата „лото девојка“ – го претстави во емисијата „Практична жена“, кога сите беа воодушевени од резултатот. Иако се користат готови кори, никој не забележал разлика во вкусот.

Еве го едноставниот рецепт за оваа вкусна слаатка која сигурно ќе ги израдува вашите најблиски и гостите!

Состојки за пита со афион:

  • 3 јајца

  • 1,5 шолја шеќер

  • 4 дл масло

  • 2 шолји гриз

  • 1 ванилин шеќер

  • 1 прашок за печиво

  • 400 г афион

  • 400 мл (2 шолји) врело млеко

  • 1,5 шолја шеќер

Изматете ги јајцата, па постепено додавајте го шеќерот, маслото, гризот, ванилиниот шеќер и прашокот за печиво, мешајќи додека смесата убаво не се соедини.

Афинот прелијте го со врело млеко, додајте шеќер и добро измешајте додека да се добие хомогена смеса.

Потоа редете ги корите и филот наизменично, додека не ги потрошите сите состојки. Загрејте ја рерната на 180°C и печете ја питата околу 40 минути, додека не добие златна боја. Кога ќе се испече, оставете ја малку да се излади, исечете ја и послужете ја.

Овој рецепт за пита со афион на Сузана Манчиќ е идеален избор кога сакате брз и вкусен десерт, без многу време поминато во кујна.