Поднесени повеќе кривични пријави против сопственици на крави во Крива Паланка

Одделението за внатрешни работи во Крива Паланка во 2024 и 2025 година поднело повеќе кривични пријави против сопственици на домашни животни – крави, информира СВР Куманово.

Пријавите се однесуваат на загрозување на сигурноста, насилство, како и спречување службено лице при вршење службени дејствија. Во полицијата биле евидентирани и неколку нарушувања на јавниот ред и мир, при што имало и физички напади помеѓу сопствениците на животните и локалното население. За сите случаи биле преземени соодветни мерки.

Од СВР Куманово посочуваат дека постапувале согласно законските надлежности.
За одземање на животните е надлежна Агенцијата за храна и ветеринарство, а полициските службеници повеќепати обезбедиле асистенција при таквите постапки.