Години наназад летува во Грција за само 100 евра – Мира ги открива своите трикови за сместување, храна и забава без стрес и големи трошоци.
Во полна летна сезона, социјалните мрежи се преплавени со импресии од морски дестинации, а Грција и оваа година се издвојува како омилено место за одмор.
Сепак, кога станува збор за пари, разликите меѓу туристите се огромни – она што за некого е „прифатливо“, за друг може да биде вистинско чудо.
Такво едно „чудо“ предизвика голема дискусија во групата Грција во живо, каде што се појави прашањето – може ли еден ден на море да се преживее со само 10 евра? Одговорите беа изненадувачки бројни и претежно позитивни.
„Секако дека може! Ќе понесете храна од дома, ќе ги дополните залихите на локалните пазари, не одите секој ден на лежалки, понекогаш гирос, секојдневно сладолед – и тоа е сосема доволно, ако знаете да уживате во едноставни нешта: море, сонце, ладовина,“ напиша еден член на групата.
„Ние сме петчлено семејство и дневно во просек трошиме 50 евра, што значи околу 10 евра по лице. И повеќе од доволно.“
Други истакнуваа дека клучот на штедењето е во паметното пазарење – особено на пазарите, избегнување на скапи лежалки и вечерно уживање на тераса наместо по кафулиња.
Но, меѓу сите, се издвои една дама – Мира, која многумина би ја нарекле шампионка во штедењето. Таа тврди дека веќе десет години успева за цел одмор во Грција да не потроши повеќе од – 100 евра.
„Пријателка ми и јас секогаш ставаме по сто евра во заеднички паричник и тоа ни е доволно за сите единаесет дена на море,“ раскажува Љубица.
„Кафе си вариме во станот, не јадеме леб, не пиеме сокови. Купуваме кисело млеко, овошје и зеленчук, а сувомеснати производи носиме од дома и од тоа готвиме нешто набрзина. Нам тоа ни е сосема доволно. Секако, ние сме пензионерки, немаме големи барања како помладите.“
Мира својот одмор не го мери по луксуз, туку по мир – како што и самото име ѝ кажува – и признава дека токму во тоа е целата поента.
