Едноставно јадење од домашната кујна се покажува како совршен избор за појадок – палентата.

Палентата се прави од пченкарен гриз и, покрај тоа што е лесна за подготовка, содржи и многу вредни хранливи материи.

Изборот на појадок може силно да влијае на здравјето на цревата, а палентата е токму тој лесен оброк кој не го оптоварува желудникот, лесно се вари и носи бројни придобивки за варењето.


Зошто токму палента?

Палентата е природно без глутен, што ја прави погодна за лица со чувствителност на глутен.
Богата е со минерали како фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган.
Има ниска калориска вредност, па затоа е одличен избор за оние што внимаваат на исхраната или сакаат да ја намалат телесната тежина.

Го поддржува здравјето на цревата, па се препорачува да се консумира најмалку еднаш неделно, бидејќи ги чисти цревата и го забрзува метаболизмот.


Подготовка

За една порција потребно е:

  • Да се проври околу 2 дл вода, со малку сол и лажица масло или маст.

  • Кога ќе зоврие, се трга од оган и се додаваат две и пол лажици палента, потоа се меша на тивок оган 2–3 минути.

  • По желба може да се додаде сирење, павлака, ленено или сончогледово семе, ајвар или да се прелие со топло млеко.

Се препорачува мешање со дрвена лажица, бидејќи металните можат да предизвикаат лесна оксидација.


Палентата е појадок што ја спојува традицијата и здравјето – се приготвува брзо, дава енергија и го одржува добриот баланс во дигестивниот систем.
Вклучете ја во менито барем еднаш неделно, и ќе ја почувствувате разликата во енергијата и општото чувство на виталност.