Најдобар начин за заштита од болести е силниот имунитет. За да го зајакнете имунитетот потребно е здраво да се храните, да бидете физички активни и колку можете повеќе да престојувате на чист воздух.




Меѓутоа, секогаш е добро да го имате овој моќен напиток при рака, во случај да бидете нападнати од разни вирусни или бактериски инфекции.




Ова е најмоќниот природен антибиотик, а можете да го направите сами.
Потребни состојки:
- 700 мл јаболкова киселина
- ¼ шолја исечкан лук
- ¼ шолја исечкан кромид
- 2 свежи лути пиперки (претходно проверете дали навистина се лути)
- ¼ шолја рендан ѓумбир
- 2 лажици рендан рен
- 2 лажици куркума во прав
Постапка:
Сите состојки без јаболковата киселина, измешајте ги во подлабок сад.




Смесата префрлете ја во стаклена тегла и прелијте со јаболкова киселина. Затворете добро, па протресете ја теглата.




Најдобро е теглата да биде исполнета 2/3 со смесата, а остатокот да го дополните со киселина.
Теглата оставете ја на суво и ладно место да отстои две седмици.
По 14 дена процедете низ газа.




Употреба:
По една супена лажица дневно, за подобрување на имунитетот. Напитокот е доста лут, но затоа е многу ефикасен.




За почеток консумирајте по една мала лажичка додека да се навикнете, па постепено зголемувајте. При итна потреба консумирајте 4-5 лажички, распоредени во текот на денот./Nmd.mk
