Детоксикацијата на организмот со цедени сокови од овошје и зеленчук стана исклучително популарна, особено меѓу младите. Многумина се водат според совети од интернет, често без стручен надзор. Лесно може да се најдат програми што ветуваат „чистење на телото од токсини“ и „губење килограми“, но ваквите тврдења често се заблуди кои можат сериозно да го загрозат здравјето.
Сето тоа детално го објаснува ценетиот проф. д-р Дејан Чубрило, специјалист по спортска медицина и професор по физиологија на Медицинскиот факултет во Крагуевац.
Стручен поглед на детоксикацијата
Проф. д-р Чубрило објаснува:
„Да, детоксикацијата денес е мода. Јас сум апсолутно против модата во овој смисол – ‘на детокс сум три дена’, ‘на пост сум три дена’… Против тоа сум да се експериментира на своја рака.
Детоксикацијата, односно чистењето на организмот, мора да биде систематска. Кога велиме ‘се интоксициравме’, тоа значи дека ја нарушивме рамнотежата во цревата, а токму таа е клучот на целата приказна. Ако храната не е правилно сварена, таа станува подлога за бактерии, габички или паразити. Микробите сакаат ‘валкана’ средина. Целта не е да измислуваме лекови, туку да создадеме средина што ним не им одговара.“
Сокови за детокс – реалноста
„Луѓето веруваат дека цедените сокови го чистат организмот, но тоа не е точно. Сокови без влакна, во големи количини, предизвикуваат нагло лачење инсулин, го блокираат согорувањето масти и можат да ја замастат црниот дроб. Подобро е да се јаде цело овошје, со влакна и семки, за да се смири реакцијата на панкреасот. Проблем е и тоа што многумина денес немаат доволно ензими за варење поради стрес, што доведува до интоксикација.“
Правила за правилно чистење на организмот
Масти се забранети за време на детоксикацијата.
„Ако црниот дроб е интоксициран, не треба дополнително да му давате задача да обработува масти. Јадете месо варено во вода и многу зеленчук, без масло, јајца и млеко.“
Не користете лаксативи или чаеви за запек.
„Тоа е како на сила да терате уморно магаре да оди. Цревата се уморни, згрчени. Мора да ја обновиме енергијата на клетките, а не на сила да ги стимулираме цревата.“
Правилна енергија и согорување масти.
„Имате два извори на енергија: шеќер и масти (триглицериди). Ако триглицеридите не влегуваат во системот, останува само шеќер – скапо и проблематично гориво. Најдобрите масти се оние што се ослободуваат од масното ткиво. Инсулинот го блокира согорувањето масти, па со контрола на инсулинот овозможуваме согорување.“
Запек и лошо варење.
„Ако изедете, на пример, 20 бадеми, три четвртини ќе скапат и ќе ги зголемат лошите бактерии, ќе го оптоварат панкреасот и црниот дроб. Црниот дроб е уморен, енергија недостасува, а цревата се затвораат.“
Успешна детоксикација – што значи тоа?
„Успешна детоксикација не значи нужно губење килограми. Таа значи воспоставување нормална функција на цревата. Ако успееме да ги кренеме цревата од ‘минус фаза’ во нормала, повеќе нема интоксикација.“
Една столица дневно е доволна, но самата столица не е мерка за метаболизам. Брзината на метаболизмот не зависи од бројот на столици, туку од тоа колку успешно клетките произведуваат енергија.