Во Макдонија денес времето ќе биде облачно, повремено со дожд и постудено, особено на југот каде се очекуваат поголеми количини врнежи, соопшти Републички хидрометеоролошки завод.

На северот од земјата ќе биде променливо облачно, претпладне суво, а околу пладне и попладне на места со краткотраен дожд или пороен дожд.

Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 10 степени, а дневната од 12 степени на југ до 18 степени на исток.

Престанок на врнежите во повеќето места се очекува навечер, освен на југот.

Во Скопје , по облачно утро, во текот на денот ќе има променливо време и посвежо. Во поширокото подрачје попладне се очекува краткотраен дожд или пороен дожд. Ветерот ќе биде слаб до умерен, од северозападен правец.
Утринската температура ќе биде околу 9 степени, а максималната дневна околу 17 степени.

Во текот на неделата ќе има променливо облачно време со сончеви периоди, а во втората половина од неделата ќе биде потопло.

Во планинските предели се очекуваат краткотрајни врнежи од снег. Постојат услови за слаб приземен мраз во четврток, на 23 април.

Во наредните седум дена во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви интервали, со пораст на температурите во втората половина од неделата.