Оперскиот пејач Благој Нацоски денеска сподели изведба на јапонски оперски пејач кој ја пее песната „Македонско девојче” на Јонче Христовски.

„Директно од Токио, мојот драг пријател и колега Казухиро Котецу, голем пријател на Македонија”, напиша Нацоски на Фејсбук.

„Македонско девојче“ е една од најпознатите македонски песни.