Формула што гарантира најсочно месо и крцкава кожичка секојпат, без погодување

Печењето пиле во рерна за многумина претставува кулинарски предизвик кој често завршува или со пресушено бело месо или со кожичка што не е доволно крцкава. Главната причина за неуспехот не е во квалитетот на шпоретот, туку во непознавањето на точната „математика“ на времето и температурата.

За да добиете резултат како во најдобрите ресторани, неопходно е да се придржувате до јасна формула што гарантира дека внатрешноста ќе остане сочна, додека однадвор ќе добие препознатлива златна боја.

Заборавете на погодувањето и постојаното отворање на вратата од рерната. Секојпат кога ќе го направите тоа, температурата опаѓа, а драгоцените сокови неповратно исчезнуваат од месото. Постои универзално правило за време на печење кое се прилагодува на тежината на месото и е единствениот сигурен пат до совршен неделен ручек.

Најдобро е да го одмрзнете

За печење е погодно разладено пиле, а не замрзнато. Ако имате замрзнато пиле, прво одмрзнете го пред да го ставите во рерна.

Оставете го да стои во фрижидер за да се одмрзне, за да не се расипе ако стои на работна површина.

Не се препорачува печење замрзнато пиле, бидејќи може да загори однадвор, а месото внатре да остане недоволно печено.

Колку долго се пече пиле во рерна

Пред печење, пилето треба добро да се измие, а потоа да се избрише со сува крпа. Пиле тешко околу 1 килограм се пече 1 час и 10 минути на 200 степени.

Десет минути пред истекот на времето, ако имате, вклучете ја функцијата за грил во рерната за кожичката да стане вкусна, златна и крцкава.

Ако ја немате таа функција, за да добиете вкусна крцкава коричка, потребно е неколкупати да го прелиете пилето со пиво додека се пече.

Златна формула за различни тежини и делови од месото

Ако печеното пиле е потешко од 1 килограм, печете го дополнителни 15 минути, постојано проверувајќи дали е готово.

Може да печете пиле и покриено со алуминиумска фолија. Така, пиле тешко околу еден килограм се пече околу еден час на 190 степени.

На крајот, 10 минути пред истекот на времето за печење, тргнете ја фолијата за да се формира вкусна и крцкава кожичка.

Ако печете само пилешки копани, тие се готови за околу 30 минути на 200 степени. Печете ги по 15 минути од секоја страна.

Клучен чекор за совршен резултат

Правилното печење пиле во рерна не е прашање на среќа, туку на прецизност и почитување на времето. Со придржување до оваа формула, ќе обезбедите месото да ги задржи сите сокови, а кожичката да ја добие потребната крцкавост.

Најважно е месото, по вадењето од рерна, да „одмори“ околу десет минути пред сечење, за топлината и соковите рамномерно да се распределат во печењето.