Колку често ги перете вашите фармерки? Еве колку навистина би требало.

Правилата според кои го переме остатокот од гардеробата не мора нужно да го пренесуваме и на фармерките.

Модните експерти не можат да се согласат околу оптималното време за перење на фармерки, но нагласуваат дека не треба ниту да се перат премногу често. Се препорачува перење фармерки на дури секои 10 до 12 носења. Звучи предолго?

Вашата зачестеност со перењето треба да зависи од нивото на активност. Доколку облекувате фармерки кога одите до продавница или додека се шетате можете да го продолжите времето за берење, па тоа да биде и после 10 носења.

Фармерките помешани со ликра треба да се перат штом се прошират или штом го изгубат својот облик.

Пред перењето фармерките во машината задолжително превртете ги наопаку. Изберете програм за чувствителни работи и пониска температура.

Научниците истражувајќи колку се валкани фармерките, дошле до сознанија дека на фармерките кои се носени 15 месеци секој ден имало исто бактерии како и на фармерки кои се редовно носени.