За време на новогодишната ноќ времето ќе биде малку до умерено облачно и главно суво, со температури од -3 до 0 °C.
Од петок (26.12) до крајот на годината (31.12) се очекува променливо облачно време со сончеви периоди.
Во утринските часови ќе има слаб мраз, со температури од -3 до 0 °C, додека дневните температури ќе се движат од 2 до 6 °C. Во одделни делови од градот, со дневниот развој на облачноста, можно е краткотрајно провејување или пороен снег на 28, 30 и 31 декември, но со мали количини врнежи од локален карактер.
Од недела (28.12) ќе започне да дува умерен до силен северен и северозападен ветер.
За време на новогодишната ноќ ќе биде малку до умерено облачно и главно суво, со температури од -3 до 0 °C.
Слични температурни трендови и променлив карактер на времето, со засилен северозападен ветер, но без пообилни врнежи, се прогнозираат и во првите денови од 2026 година, односно сè до Божиќ.
