Микробиологот д-р Никола Пановски вели дека граѓаните стекнале колективен имунитет поради природното заразување. Во изјава за ТВ Алфа вели дека поради мерките кои биле донесени голем дел од населението бил во контакт со заразата, а многумина го поминале вирусот без симптоми без да знаат дека биле заразени.

-Според сите проценки околу 60 проценти ја имаат прележано заразата и повеќето по природен пат, и за жал доста скапо го плативме тој природен имунитет имајќи ги предвид жртвите и пост ковид синдромите – вели Пановски за Алфа.

Рече дека се што е на отворено не е опасно.

-Ако се исклучиво на отворен простор да, меѓутоа ако се во затворено не. Треба да се внимава кога ќе влегувате во тоалетите и кај што се собираат во затворен простор таму може да се шири болеста.

Меѓутоа сепак впечатокот е дека заразата нема да се шири толку како претходно. Добар дел од населението, веќе е имуно. Но и топлото време има влијание за намалување на бројките, вели Пановски./Вечер.мк