Додека во Украина трет ден одекнуваат детонации поради руската воена акција во оваа земја, во метро станицата каде илјадници луѓе бараат спас, една жена донесе нов хаос, кој на крајот убаво заврши.

Според Би-Би-Си, возовите кои не сообраќаат во Киев се отворени за сите луѓе кои сакаат да се засолнат таму, па имало една трудница која синоќа родила девојче и и го дала името Миа.

Фотографија од мајката на Миа (23) брзо го обиколи светот, а веста за нејзиното раѓање брзо се прошири на социјалните мрежи.„Миа е родена вечерва во засолниште во стресна средина, за време на бомбардирањето на Киев. Нејзината мајка е среќна по ова предизвикувачко породување“, рече претседавачот на конференцијата Демократија во акција, Хана Хопко.

Гардијан објави дека бебето и нејзината мајка се пренесени во болница и дека се во добра состојба. Велат и дека им помогнале полицајци кои слушнале врисоци, а кога се доближиле нашле родилка во тој момент.

Никола Шлапак, полицаец кој бил таму, рекол дека и помогнале на младата мајка да се породи, а потоа повикале брза помош.

„Твоето раѓање е надеж, во ова мрачно време“, извикуваа луѓето во метрото и овој настан го окарактеризираа како ново чудо.